/ Прочитано:

1.484

Рускоска во врска со потерницата за Груевски и предистражните постапки за актуелни функционери

И покрај барањето, со целосна документација, испратено од Обвинителството, Интерпол веќе два месеци одбива да ја објави потерницата за Никола Груевски, изјави денеска обвинителката Вилма Рускоска, која раководи со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

„Интерпол не сака да ја објави потерницата за Никола Груевски. Од наша страна е поднесена целосната документација, исто така и барањето, но потерница нема објавено, односно Интерпол одбива да ја објави. Образложение за тоа до нас нема, иако нашето барање е испратено пред повеќе од два месеци“, изјави Рускоска, додавајќи дека Интерпол нема објавено меѓународна потерница ниту за Никола Бошкоски, за кого исто така е испратено барање со целосна документација.

Обвинителката Рускоска одговарајќи на новинарски прашања изјави и дека  се водат предистраги за функционери од актуелната власт, нo не посочи повеќе детали.

„Водиме предистраги. Се работи за предистражни предмети и во овој момент не би можела да кажам повеќе“, истакна  Рускоска.

Обвинителката, во контекст на истрагите за носители на јавни функции, смета дека носителите на јавни функции, како што се пратеници, судии, обвинители, мора секогаш да бидат построго казнувани затоа што тие се оние што треба да го спроведуваат законот.

Конференција за напредокот во борбата против организираниот криминал и корупцијата

Обвинителката Рускоска во врска со поведувањето обвинение за  „27 април“

ОБВИНИТЕЛСТВОТО: Банките пријавиле до СЈО дека Груевски подигнува пари од своите сметки

Соопштение на Јавното обвинителство во врска со предметот за бегството на Груевски

Граѓанските организации бараат истрагите за бегството на Груевски да завршат за 10 дена, во спротивно ќе бараат политичка одговорност

Груевски со критики за македонските судови кои работеле спротивно на праксата во Стразбур

Граѓанските организации бараат темелна истрага за бегството на Никола Груевски

Кривичниот суд: Судот не е виновен за бегството на Груевски

МВР: Унгарското министерство потврди дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил

M.В