САД поднесе кривична пријава за шпионажа против Едвард Сноуден
Сабота, 22 јуни 2013 – Американското обвинителство поднело кривична пријава против Едвард Сноуден, кој го откри постоењето на тајна американска програма за следење на телекомуникациите, објави весникот „Вашингтон пост“.
Кривичната пријава против Сноуден е за кражба на владин имот, неовластено соопштување на информации на националната одбрана и намерна комуникација на доверливи разузнавачки податоци со неавторизирано лице. Последните две тврдења се однесуваат на шпионажа под Актот на федерална шпионажа.
САД побарале од Хонг Конг да го задржат поранешниот службеник во Агенцијата за национална безбедност со привремена наредба за притвор, наведува весникот, повикувајќи се неименуван американски службеник.
Пријавата е поднесена на 14 јуни до судот во Источниот округ на сојузната држава Вирџинија, каде се наоѓа седиштето на неодамнешниот работодавач на Сноуден, консултантската компанија „Буз Ален Хамилтон“.
Сноуден се крие во Хонг Конг. Поднесувањето на тужба дава можност на американските власти да му судат на Сноуден и да побараат негова екстрадиција од Хонг Конг. Сепак, тој може да го оспори барањето пред судот.
САД и Хонг Конг имаат договор за екстрадиција, но во него се прави исклучок за политички прашња, на кои по традиција спаѓа и шпионажата.