/ Прочитано:

899

Санадер го прогонува и хрватската Даночна управа

Вторник, 16 окотмври 2012 – Деловниот простор на Иво Санадер што се наоѓа на Шаренградската улица во Загреб е запленет поради долг од 1, 2 милиони куни, пишува хрватски „Јутарњи лист“.

Долгот не можел да се наплати од личните примања, бидејќи не се работи за личен долг туку се однесува на фирмата „Алија Консалтинг ДОО“, чии сопственици се брачниот пар Иво и Мирјана Санадер. 

Одлуката за извршување е конечна, а Санадер не се жалел на истата, дознава „Јутарњи лист“.

Инаку станува збор за даночен долг на компанијата која Санадер ја отвори по напуштањето на премиерското место. Даночната управа, постапката за извршување ја покренала поради  стариот долг од  568.553,80 куни,  што во меѓувреме пораснал. 

Против екс-премиерот и екс-претседателот на ХДЗ во Жупанискиот суд во Загреб, моментално се водат постапки за 4 предмети.