/ Прочитано:

870

Сашко Богески, Македонецот кој уби провалник во Белград е пуштен да се брани од слобода

Сабота, 22 јуни 2013 – Сашко Богески, Македонецот кој во својот дом во Белград, во самоодбрана уби провалник е пуштен да се брани од слобода, пренесе српски „Блиц“.

Очекувањата на одбраната и на 40.000 луѓе кои ја потпишаа петицијата се исполнија, Сашко Богески ќе се брани од слобода. Тој на 21 мај во Белград го уби провалникот Владимир Маниќ, кој влегол во неговиот дом со цел да го ограби, а и е познат на полицијата како сторител на голем број криминални дела.

„Најпосле сум со своето семејство и сакам да го надоместам изгубеното време. Им благодарам на сите пријатели, како на оние кои ги познавам со години, така и на овие новите, кои се 40.000. Би сакал сите да ги запознам. Сакам да им се заблагодарам на медиумите и на сите луѓе кои застанале во моја одбрана и во одбрана на моето семејство“, изјавил низ солзи Сашко Богески за српски „Блиц“.

По повод овој случај, во речиси во сите поголеми градови во Србија се потпишуваше петиција за негово ослободување.

Богески, кој таа ноќ со нож го убил провалникот бранејќи го својот дом и семејството, е пуштен од притвор по предлогот за укинување на притворот од неговите бранители.

На предлогот се противеле и истражниот судија и обвинителот, но неговиот адвокат Зоран Агатановиќ смета дека ова е единствената исправна одлука која судот можел да ја донесе.

 Богески е должен секој први ден во месецот да и се јавува на полицијата, и не смее да ја напушта Србија. По завршувањето на истрагата го чека судење за убиство.