/ Прочитано:

706

Се истражуваат снимените материјали објавени од „Ел Чека“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска изјави дека дала налог да се истражат „бомбите“ што беа објавени деновиве на фејсбук-профилот Ел Чека, посочувајќи дека нема информации од каде се обезбедени.

„Дадов налог да се истражат ‘бомбите’ и по хард дискот да се утврди времетраењето, па да се идентификува со тие разговори. Информатичарите ги анализираат ‘бомбите’ од кои поголемиот дел се на албански јазик и треба да се преведат“, истакна  Јанева, која додаде дека не може да гарантира дали ‘бомбите’ се од СЈО затоа што во тек е истрага за тоа.

Обвинителството: Побарано е надлежните органи во САД да преземат дејствија во врска со Ел Чека