/ Прочитано:

870

Се најавува воведување антикорупциски теми во годишната програма на училиштата

„На предлог на Министерството за образование и наука денеска Владата ќе биде информирана за активностите за примена на клучните мерки од поддимензијата Антикорупција од Стратегијата за Југоисточна Европа 2020 за најсоодветен начин за воведување на антикорупциски теми во рамки на годишната програма на училиштата“, соопштуваат од Владата во врска со дневниот ред на денешната седница.

На владината седница, додаваат од Владата, ќе биде разгледана и информацијата за одржаната 15. редовна седница на Националниот совет за информациски и комуникациски технологии и сајбер безбедност.