/ Прочитано:

4.679

Се намалува рокот за поднесување апликација до Европскиот суд за човекови права

На 21 април 2021 година, Протоколот број 15 за изменување на Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи беше официјално ратификуван од сите договорни страни на Конвенцијата и ќе стапи на сила на 1 август оваа година.

Најзначајната измена што ја предвидува овој Протокол, посочуваат од Хелсиншкиот комитет, е намалување на рокот за поднесување на апликација до Европскиот суд за човекови права.

Досега странките можеа да поднесат жалба по исцрпување на сите домашни правни лекови, во рок од 6 месеци од денот на кој е донесена конечната одлука на највисокиот домашен суд.

Со Протоколот број 15 овој рок е намален за 2 месеци, односно странките ќе можат да поднесат ваква жалба до Европскиот суд за човекови права во рок од 4 месеци по добивање на последната конечна одлука. Оваа одредба ќе почне да се применува од 1 февруари 2022 година.

М.В