/ Прочитано:

2.039

Се одржува судското рочиште за насилствата пред општина Центар

Во Судот веќе пристигнаа лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова, како и уште двајца советници од Општина Центар.

Судница 1 Основен суд Скопје 1

Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска се одржува судското рочиште за случајот поврзан со насилните случувања во Општина Центар по обвинението поведено од страна на Специјалното јавно обвинителство.

Во Судот веќе пристигнаа лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова, како и уште двајца советници од Општина Центар. Во овој случај се обвинети уште девет луѓе, кои СЈО ги товари за поттикнување на насилство во 2013 година бидејќи, според СЈО и според т. н. политички бомби што ги објави опозицијата, партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ го организирал нападот врз локалната самоуправа во Центар.

На денешното судско рочиште претставник на Специјалното јавно обвинителство е обвинителката Фатиме Фетаи, а судијка е Тања Михајлова, в. д. претседателка на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

А. Б.