/ Прочитано:

1.456

Се основаше група од граѓански организации „ЦИВИТАКС“ за праведен фискален систем

„ЦИВИТАКС„ е името на новата група за фискални прашања во граѓанскиот и академскиот сектор и кај физичките лица, чија цел е да поведува иницијативи, да анализира и да истражува и да ги застапува фискалните прашања, во најширока смисла на зборот, што ги засегаат граѓанските организации, академските институции и физичките лица, како и да го застапува правото на правна извесност во оваа област како човеково право.

Основачите на групата потпишаа меморандум за основање, во кој се дефинираат целите и политиките на групата.

Oсновачки членови на групата се: Центар за економски анализи, Фајнанс тинк – Институт за економски истражувања и политики, Центар за даночна политика, Институт за општествени и хуманистички науки, Институт за демократија Социетас цивилис, Фондација Отворено општество – Македонија, Транспаренси интернешнл – Македонија, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Институт за комуникациски студии, Евротинк – Институт за европски стратегии, Центар за управување со промени, Институт за европска политика, Верица Хаџи-Василева Марковска и Крсто Несторов.

Визијата на групата „ЦИВИТАКС“ е фискалниот систем во Република Македонија да биде праведен, јасен и разбирлив, ефективен и ефикасен, предвидлив и транспарентен и во целост да почива врз принципите на владеењето на правото. Даночниот систем во Република Македонија мора да почива врз емпириски анализи, врз стратешко планирање и врз принципот на опортунитетен трошок, т.е. мора да ги земе предвид и административните капацитети на Управата за јавни приходи.