/Прочитано:

448

Се подготвува и Законот за електронско управување и електронски услуги

Покрај подготовката на Законот за централен регистар, Министерството за информатичко општество и администрација информира дека подготвува и Закон за електронско управување и електронски услуги.

Со овој закон, образложуваат од Министерството, се уредува работата на министерствата, другите органи на државната управа, организациите утврдени со закон и други државни органи, судовите, јавните обвинителства и Државното правобранителство, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, органите на општините, на Градот Скопје и на општините на Градот Скопје, при размена на податоци и документи во електронска форма, односно остварување на електронски услуги, кога е тоа утврдено со закон.

М.В