/ Прочитано:

3.110

Се подготвува нов Закон за инспекциски надзор 

Министерството за информатичко општество и администрација подготвува нов Закон за инспекциски надзор. Целта на Предлог-законот за инспекциски надзор, велат од МИОА, е надминување на неконзистентноста и слабостите на актуелниот Закон за инспекциски надзор од 2010 година и воведување на нов концепт на инспекциски надзор преку планирање врз основа на процена на ризик, олеснување и поголема правна сигурност за субјектите на надзор (пред сè од приватниот сектор) со воведување на унифицирани правила и задолжителност на листи за проверка при редовниот инспекциски надзор.

„Целта на Законот за инспекциски надзор е регулација на елементите на инспекцискиот надзор; дефинирање на статусот и прецизирање на улогата и надлежностите на Инспекцискиот совет; јасно утврдување на правата и обврските на субјектите на надзор; намалување на рестриктивноста и репресивноста, како и на обврските на инспекциските служби кон Инспекцискиот совет; комплементарно регулирање на статусните прашања за инспекторите, поедноставување на постапката за лиценцирање на инспектор; воведување на нов концепт на инспекциски надзор преку планирање врз основа на процена на ризик; олеснување и поголема правна сигурност за субјектите на надзор (пред сè од приватниот сектор) со воведување на унифицирани правила за надзор и задолжителност на листи за проверка при редовниот надзор и, на крајот, надминување на неконзистентноста, слабостите и пропустите во текстот на актуелниот закон“, додаваат и образложуваат од Министерството.

М.В