/ Прочитано:

1.351

Се подготвува нов Закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион

Целта на Предлог-законот е да се регулираат прашањата за основањето, за составот, за работата и за надлежноста на стручното тело за следење и координација на управувањето со природното и културното наследство на Охридскиот Регион, со вклученост на сите засегнати страни, како и да се регулира постапката за донесување на планот за управување и вршењето ревизија на планот.

„Во Извештајот на Реактивната мониторинг мисија на Центарот за светско наследство на УНЕСКО е содржана препорака, согласно која е потребно во Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион донесен во 2010 година, да се утврди соодветен механизам за одлучување и управување, како и да се дефинираат надлежностите и составот на Комисијата за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион преку воспоставување на вистински партиципативен пристап во управувањето со доброто, со активно вклучување на локалните заедници и граѓанските организации. Имајќи предвид дека Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион донесен во 2010 година во својата повеќе годишна примена покажа и други формални недостатоци се утврди потребата од изработка на нов закон. Со новиот Закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, ќе се создадат формално-правни предуслови преку интегрирано управување со природното и културното наследство да се спречат активности кои негативно влијаат врз исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион, како и да се преземат мерки за негово активно вклучување во животот на заедницата, како фактор на оддржливиот развој“, се вели во законското образложение.

М.В