Се подготвува нов Закон за вештачење
Министерството за правда подготвува нов Закон за вештачење. Причината за донесување на законот произлегува од потребата за ревидирање на системот на судско вештачење во насока на зголемување на ефикасноста и воспоставување на функционален систем за судско вештачење.
Целта на законот, нагласуваат од Министерството, е да се зголеми ефикасноста и да се воспостави функционален систем за судско вештачење.
Со постојниот Закон за вештачење се уредуваат вршењето на вештачење, областите, условите и начинот на вршењето на вештачењето, субјектите кои вршат вештачење, условите и постапката за полагање на стручен испит за издавање, продолжување, престанок или за одземање на лиценца за вештачење за вршење на вештачење од соодветна област, наградата и надоместокот на трошоците за извршеното вештачење, основањето, надлежноста, организацијата и работењето на Комората за вештаци, надлежностите на Бирото за судски вештачења, организацијата и работењето, како и други прашања од значење за судските вештачења, супервештачења, процени и грижа за унапредување на работите на вештачењето.
М.В