/ Прочитано:

2.466

Се подготвува новиот Предлог-закон за регулирање на статус на бесправно изградени објекти

Министерството за транспорт и врски повторно ја најавува подготовката на Законот за регулирање на статус на бесправно изградени објекти.

Цел на Предлог- законот, велат од Министерството за транспорт и врски, е регулирање на статусот на бесправно изградени објекти кои се изградени пред 1 јануари 2021 година при што објектите кои ќе ги исполнат законските услови ќе се запишат во Катастарот на недвижности, а објектите кои нема да ги исполнат законските услови се предвидува да бидат отстранети.

„Постапувањето со бесправно изградени објекти во Република Северна Македонија претходно е уредено со Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 23/11, 54/11, 155/12, 72/13, 44/12, 115/14, 199/14, 124/15, 129/15, 217/15, 31/16 и 190/17) а предмет на истиот се бесправните објекти изградени заклучно со 3 Март 2011 година. Со овој закон неколку пати е продолжуван рокот за доставување на барање, меѓутоа од причини што голем дел од барателите не ја доставиле потребната документација во законски утврдените рокови, дел од објектите и понатаму се без утврден правен статус.Исто така од страна на Заедницата на единиците на локална самоуправа укажано е дека во поголем дел од единиците на локална самоуправа евидентирани се бесправни градби кои се изградени после 3 март 2011 година“, образложуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Владата го повлече Предлог-законот за легализација на бесправно изградените објекти

Најавена законска дистинкција меѓу објектите за лично домување и станбените згради за профит

Асоцијацијата на архитекти на Македонија против повторно носење на нов Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти

Кривичното дело „Бесправно градење“

Претседателот Пендаровски не го потпиша Указот за Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти

Бесправно изградени објекти според Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти

Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на собраниска седница

Барање за автентично толкување: Дали „Google Earth“ може да се користи во постапката за легализација на бесправно изградени објекти?

Се продолжува рокот на важење на Законот за постапување со бесправно изградени објекти

Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на собраниска седница по скратена постапка

Предложен нов Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти по скратена постапка

М.В