/ Прочитано:

2.637

Се подготвува посебен Закон за вработените во Министерството за одбрана

Министерството за одбрана подготвува посебен Закон за вработените во Министерството за одбрана. Цел на Предлог-законот е подобрување на стусот на вработените во Министерството за одбрана, како за останатите вработени во одбранбениот односно безбедносниот сектор на Републиката, особено заради зголемување на нивните активности во смисла на тежината и специфичноста, а особено по членството на Република Северна Македонија во НАТО, кои се различни од активностите на другите вработени во јавниот сектор и кои вработените во Министерството за одбрана ги извршуваат заедно со активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата.

Со донесувањето на посебен закон, посочуваат од Министерството, ќе се уреди статусот на вработените во Министерството за одбрана, административните службеници и лицата кои немаат стаус на аднинистративни службеници- помошни технички персонал, правата и обврските од работен однос, посебните должности и овластувања, класификацијата и категоризацијата на работните места во Министерството, спецификите и карактеристиките на работните обврски во одбраната, стручното оспособување и усовршување, управување со ефектот, водење во кариера, вработување и унапредување, плати и надоместоци на плати, како и други прашања во врска со работниот однос на вработените во Министерството за одбрана, кои произлегуваат од надлежностите на Министерството за одбрана и надлежностите на другите органи на дражавата власт во оставрување на одбраната, уредени со Законот за одбрана, и кои и се специфични и различни од активностите на останатите вработени во јавниот сектор.

М.В