/ Прочитано:

1.137

Се подготвува Стратегија за ИКТ во правосудството

Владата ја разгледа и ја усвои информацијата за подготовка на Стратегијата за информатичко-комуникациска технологија во правосудството 2019 – 2024, со Акциски план.

„Стратегијата за ИКТ во правосудството е во согласност со европските и меѓународните стандарди со цел да се зголеми пристапноста, навременоста и лесното користење на правосудните услуги за сите корисници, да се подобри квалитетот на податоците, заштитата и безбедноста, како и соработката со други правосудни системи, институциите на Европската Унија, нејзините земји членки и меѓународните организации.

Стратегијата за информатичко-комуникациска технологија во правосудството на Република Северна Македонија е во функција на модернизирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудството како една од најважните реформи во РСМ“, образложуваат од Владата.

Усвоена Стратегијата за реформи во јавната администрација и разгледана Предлог-стратегијата за ИКТ во правосудството

М.В