Се подготвува Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела
Министерството за правда подготвува Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела. Целта на законот е да се изврши усогласување со меѓународните стандарди во сферата на правата на жртвите од кривични дела
„Причината за донесување на законот произлегува од потребата за усогласување со меѓународните стандарди и од член 53 став 3 точката 2 од Законот за кривичната постапка, каде што е пропишано дека во согласност со посебните прописи жртвата на кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 4 години, меѓу другото, има право на надоместок на материјална и нематеријална штета од државен фонд под услови и на начин пропишан со посебен закон, доколку надоместокот на штета не може да се обезбеди од осудениот“, образложуваат од Министерството за правда.
М.В