/ Прочитано:

1.237

Се подготвува Закон за лицата без регулиран граѓански статус

Министерството за труд и социјална политика подготвува Закон за лицата без регулиран граѓански статус.

Целта на овој закон е стекнување својство на лице со посебен граѓански статус поради остварување на правото на образование, на здравствена заштита, на социјална заштита и на вработување со задолжително социјално осигурување, во согласност со закон.

„Со овој закон ќе се уредат начинот на прибирање и евиденцијата на личните податоци за лицата без регулиран граѓански статус, видот на податоците што се евидентираат, постапката (начинот) за стекнување својство на лице со посебен граѓански статус за лица без регулиран граѓански статус и дополнителниот упис на овие лица во матичната книга на родените во согласност со закон“, велат од МТСП.

Системски решенија за регистрација на лицата без документи

М.В