Се подготвува Закон за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија
Министерството за култура подготвува Закон за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија.
Со Законот за националниот уметник на Република Македонија се уредуваат критериумите и постапката за доделување на титулата национален уметник, правата врз основа на титулата национален уметник и други прашања кои се однесуваат на титулата национален уметник на Република Македонија.
„Со Предлог на законот се предлага Законот за националниот уметник на Република Македонија да престане да важи. Имено, Законот создаваше нерамноправен третман помеѓу националните уметници и другите вработени во културата, кои имаат примања во многу помал износ од просечната плата во Република Македонија“, посочуваат од Министерството за култура.
М.В