Се подготвува Закон за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува Закон за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост.
Бројните недоследности во Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост оневозможуваат имплементација на законот во поголем дел, кои поради нивната обемност не можат да се надминат со изменување или дополнување на постоечкиот закон.
„Постојат низа подобрувања на постапката за продажба на државното земјоделско земјиште, во смисла на усогласување на роковите и времетраењето на постапките, дефинирање на критериумите за избор на земјоделско земјиште во државна сопственост за продажба, предвидување посебни постапки за приватизација на земјоделското земјиште кое е веќе издадено и земјиштето кое е слободно, земајќи ја предвид и големината на парцелите, постоење на објекти и долгогодишните насади на државно земјоделско земјиште понудено на продажба и додефинирање на критериумите“, велат од Министерството.
М.В