/ Прочитано:

2.042

Се подготвува Закон за рестриктивни мерки

Министерството за надворешни работи известува дека во подготовка е Закон за рестриктивни мерки. Новиот предлог-закон, велат од МНР, ги уредува воведувањето, примената и престанот на важење на рестриктивните мерки, надлежноста на одделни органи на државната управа, координацијата и следењето на спроведувањето на рестриктивните мерки, евиденцијата на воведените и спроведените рестриктивни мерки во РМ.

„Новиот предлог-закон ги инкорпорира најважните препораки на MONEYVAL и има за цел подобрување на правната рамка, попрецизно уредување на условите и постапката за усвојувањето, измената и прекинот на важењето на рестриктивните мерки“, посочуваат од МНР.

„Законот чиешто донесување се предлага се засновува врз следниве цели и начела: – законитост, транспарентност, објективност, ефикасност и одговорност; – подобрување на регулирањето на правата, обврските, должностите на надлежните органи во РМ при воведување, спроведување и престан на важење на рестриктивни мерки; – зголемување на ефикасноста во работата на надлежните органи во РМ; – доследно исполнување на меѓународните обврски на Република Македонија кон одредени меѓународни организации“, додаваат од Министерството за надворешни работи.

М.В