/ Прочитано:

1.481

Се подготвуваат измени на Законот за безбедност на храната

Во подготовки се измени на Законот за безбедност на храната. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната има цел да обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на луѓето како и заштита на интересите на потрошувачите во однос на храната, да го регулира внатрешниот промет со одредени видови на храна, како посоодветно и поблиску да го уреди спроведувањето на официјалните контроли.

„Со Законот за безбедност на храната се воспоставени основни правила за безбедност на храната и храната за животни и е предвидено активностите кои можат да имаат влијание на безбедноста на храната и храната за животни или на заштитата на интересите на потрошувачите во однос на храната и информациите за храната да бидат спроведени во согласност со специфичните барања. Со истиот се постигна запазување на начелата, приоритетите и условите за усогласување на националното законодавство со законодавството на Европската Унија од областа на безбедноста на храната и храната за животни. Меѓутоа, донесеното ново законодавство на Европската Унија, од областа на безбедноста на храната и храната за животни, не е преземено во постојниот Закон за безбедност на храната, како на пример одредбите за специфичните официјални контроли во врска со нуспроизводите од животинско потекло“, образложуваат Агенција за храна и ветеринарство.

M.В