/ Прочитано:

1.582

Се подготвуваат измени на Законот за индустриски – зелени зони

Министерството за економија подготвува измени на Законот за индустриски – зелени зони. Целта на предложеното изменување и дополнување на Законот за индустриски – зелени зони е овозможување на индустриските – зелени зони да заживеат во пракса и да станат атрактивни за инвеститорите.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски – зелени зони се воведуваат нови одредби со кои се уредуваат: промените во однос на субјектите кои може да бидат основачи и оператори на зони, промените во постапката за основање на зона, терминолошката промена на поимот сопственик во корисник на зона, отуѓувањето и закупот на земјиште во зона, видовите дејности и условите за вршење дејности во зелени зони, поволностите за корисниците во зоната, воспоставувањето на единствен регистар на индустриски и зелени зони и усогласувањето на одредбите од Законот со новиот Закон за општата управна постапка.

М.В