/ Прочитано:

3.403

Се подготвуваат измени на Законот за наставниците и стручните соработници

Министерството за образование и наука подготвува измени на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта.

„Со овој закон се доуредуваат условите за засновање на работен однос на неопределено работно време на наставниците и стручните соработници, трансформацијата на работниот однос од определено на неопределено работно време, напредувањето во кариерните звања ментор и советник, начинот на утврдувањето на платите и надоместоците на плати“, посочуваат од МОН.

М.В