/ Прочитано:

3.920

Се подготвуваат измени на Законот за судскиот буџет

Министерството за правда подготвува измени на Законот за судскиот буџет. Донесувањето на предложениот закон, велат од Министерството за правда, ќе создаде можност за зајакнување на независноста на судството и воедно ќе се отстранат лоцираните слабости во досегашната примена на законот. Активноста се реализира во помош од Проектот за поддршка на судските реформи преку ИПА-фондот.

„Финансирањето на судството е една од основните претпоставки за неговата независност. Токму затоа, во 2003 година беше донесен Законот за судскиот буџет, во кој е уредена материјата за финансирање на судската власт во сите нејзини аспекти, почнувајќи од планирањето, преку постапката за донесување на буџетот, па сѐ до неговото извршување. За таа цел беше востановен Судскиот буџетски совет, составен од претставници на судството со надлежности во сферата на судскиот буџет. Со донесувањето и примената на наведениот закон значително се зајакна независноста на судството во овој негов сегмент. Во текот на примената на законот беа лоцирани одредени недостатоци кои ќе бидат отстранети со овие измени и дополнувања“, се вели во законското образложение.

М.В