/ Прочитано:

1.755

Се подготвуваат измени на Законот за супервизија на осигурување

Министерството за финансии подготвува Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување.Целта на измените е воспоставување функционален концепт за спроведување на испитот за стекнување на звањето актуар и зајакнување на критериумите за соодветност на акционерите и членовите на органите на управување на осигурителните друштва.

„Досегашниот начин на спроведување на испитот преку електронски тест на компјутер и преку одговарање на прашања и решавање на задачи врз основа на практичен пример за стекнување на звањето актуар е нефункционален. Критериумите за соодветност на акционерите и членовите на органите на управување на осигурителните друштва не се соодветни со меѓународните стандарди и најдобри практики“, образложуваат од Министерството за финансии.

Со Законот за супервизија на осигурување се уредуваат условите под кои можат да се вршат работи на осигурување на живот, неживотно осигурување и реосигурување, работи на застапување во осигурувањето, осигурително брокерски работи, основање, работење, супервизија и престанок со работа на трговските друштва за осигурување и реосигурување.

М.В