Се подготвуваат измени на Законот за волонтерството
Министерството за труд и социјална политика подготвува измени на Законот за волонтерството. Со Предлог-законот се допрецизираат постојните одредби во делот на организатор на волонтерската работа, се утврдува постапката за издавање на согласноста за волонтерска работа кај јавните установи, органите на државна власт, општините, општините на Градот Скопје и Градот Скопје, правата на волонтерите и сл. Покрај тоа, се предвидува воспоставување на Национален совет за промовирање и развој на волонтерството, како и издавање на волонтерска потврда за вршење на волонтерска работа.
„Со измените и дополнувањата на Законот ќе се допрецизира кој сѐ може да организира волонтерска работа, а и што не се подразбира под волонтерска работа. Се уредува постапката за издавање на согласност за вршење на волонтерска работа и евиденција на волонтерската работа во посебен регистар на Министерството за труд и социјална политика за организаторите на волонтерската работа за јавните установи, органите на државната власт, како и за општините, општините на Градот Скопје и Градот Скопје“, посочуваат од МТСП.
М.В