/ Прочитано:

1.292

Се подготвуваат измени на Законот за заштита на сведоци во врска со надлежноста на СЈО во постапката за заштита на сведоци

Во Република Македонија, посочуваат од Министерството за правда, заштитата на сведоци е регулирана со Законот за заштита на сведоци. Со овој закон се уредуваат постапката и условите за давање заштита и помош на сведоците, се дефинираат мерките за заштита и се востановуваат Совет за заштита на сведоци и Одделение за заштита на сведоци. Одредбите од овој закон се применуваат и на соработниците на правдата и на жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци, како и на блиските лица на сведоците, соработниците на правдата и жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци.

„Имајќи предвид дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е основано со Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, во кој се определени и надлежностите на ова јавно обвинителство, донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци произлегува од потребата за уредување на надлежноста на ова јавно обвинителство во постапката за заштита на сведоци“, велат од Министерството за правда.

Како што додаваат од Министерството, целта за пристапување кон измени и дополнувања на законот е обезбедување услови за спроведување на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и обезбедување целосна имплементација на начелото на автономија, односно обезбедување услови за целосна автономија во истражувањето и гонењето на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

„Воедно, со оваа законска измена ќе се изврши усогласување на домашното законодавство со европските и меѓународните стандарди преку нивно инкорпорирање во законските решенија“, истакнуваат од Министерството за правда.

М.В