/ Прочитано:

719

Се подотвува нов Закон за заштита на потрошувачите, усогласен со директивите на ЕУ

Министерството за економија подготвува нов Закон за заштита на потрошувачите. Целта на Предлог-законот е подобро информирање и едуцирање на потрошувачите за нивните права, обезбедување на потрошувачите со инструменти за брзо решавање на споровите, подобро остварување на правата на потрошувачите преку ефективен надзор на пазарот, понатамошен развој на политиката за безбедност на производите, зајакнување на независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите, Зајакнување на улогата на локалната и регионалната самоуправа во реализација на политиката за заштита на потрошувачите.

„Со новиот Предлог закон кој се усогласува со директивите на Европската Унија се уредуваат одредби со кој се овозможува примена на европското право во областа на заштитата на потрошувачите, а воедно и појасно дефинирани обврски кои треба да ги исполнат трговците и правните лица спрема потрошувачите. Предложените решенија ќе придонесат да се креира модерна законска рамка, која обезбедува високо ниво на заштита на правата за потрошувачите и гарантира полесни услови за деловно работење, да се воспостави соодветна административна структура за развој и координација на оваа политика со сите други засегнати страни, да се зајакне независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите, да се подобрат механизмите за поддршка на потрошувачите за решавање на нивните приговори и да се обезбедат адекватни услови за имплементација на политиките за безбедност на производи, се со цел да се постигне понатамошен напредок во оваа област“, образложуваат од Министерството.

М.В