/ Прочитано:

2.321

Се предлага формирање Совет за координација на безбедносно-разузнавачката заедница

Покрај Предлог-законот за Агенцијата за внатрешно разузнавање, МВР го објави и Предлог-законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Македонија.

„Цел на координацијата на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Македонија е воспоставување на механизам за навремено и сеопфатно справување со безбедносни ризици и степенување на нивото на закани по националната безбедност“, се вели во предложеното законско решение.

За целите на координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Законот се пропишува дека ќе се формира Совет за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

Советот го сочинуваат  претседателот на Владата на Република Македонија; министерот за внатрешни работи; министерот за одбрана; министерот за надворешни работи; министерот за финансии; директорот на Агенцијата за внатрешно разузнавање; директорот на Агенцијата за разузнавање и раководителот на Сектор – Служба за воена безбедност и разузнавање.

Со Советот за координација претседава претседателот на Владата на Република Македонија, а на негова или на иницијатива на член на Советот, на седниците на Советот може да учествуваат и функционери кои раководат со други органи на државната управа, односно државни органи и институции, како и експерти за прашања од надлежност на Советот, без право на глас. Предлог -законот може да се коматира на следниот линк.

Објавен Предлог-законот за реформа на УБК: Новата Агенција за внатрешно разузнавање ќе спречува шпионажа

Ќе се основа Агенција за внатрешно разузнавање: МВР подготвува нови закони и законски измени

Поради реорганизирање на МВР ќе се дополнуваат законите за работните односи и за вработените во јавниот сектор

Промовирана публикацијата „Насоки за надзор над разузнавањето“

Брифинг за реформите во правосудството, јавната администрација и контролата врз безбедносните служби

Оперативно-техничката агенција започнува со работа

Дебата за процесот на трансформација на УБК

Следењето на комуникациите не смее да биде злоупотребено од позиција на политичка моќ

Законските решенија за следењето на комуникациите треба да ја гарантираат правната сигурност на граѓаните

„Нема гаранција дека ОТА ќе биде нова служба со интегритет“ – стручната јавност бара повлекување на законските решенија

Реформите за следење на комуникациите да не бидат козметички, предупредуваат граѓанските организации

Пакетот закони за реформи на системот за следење на комуникациите влегуваат во собраниска процедура

Какви обврски се пропишани за операторите во новиот Предлог-закон за следење на комуникациите

Законското образложение на Предлог- законот за следење на комуникациите

Се брише членот 175 од Законот за електронските комуникации во кој се пропишуваат должностите на операторите при следење на комуникациите

Во подготовка нов Закон за следење на комуникациите и нов Закон за оперативно-техничка агенција усогласени со препораките на Прибе

М.В