/ Прочитано:

5.302

Се продолжува рокот на важење на Законот за постапување со бесправно изградени објекти

Се продолжува рокот на важење на Законот за постапување со бесправно изградени објекти

Владата во Собранието поднесе нови измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

„Во Законот за постапување со бесправно изградени објекти не се предвидени одредби за вршење на инспекциски надзор, а со тоа и кои инспектори ќе бидат надлежни да ги констатираат веќе предвидените прекршоци сторени од страна на службеното лице – административен службеник за спроведување на постапката за утврдување на правен статус на бесправен објект, на градоначалникот и на одговорното лице. Воедно, овој предлог на закон се предлага и од причина што е потребно да се изврши негово усогласување со новиот Закон за инспекциски надзор.

Во Законот за постапување со бесправно изградени објекти се предвидени високи глоби за службеното лице – административен службеник за спроведување на постапката за утврдување на правен статус на бесправен објект, на градоначалникот и на одговорното лице. Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти се носи и од причина што е потребно да се изврши негово усогласување со новиот Закон за прекршоците, а со тоа и да се намалат глобите и да се поедностави прекршочната постапка“, се вели во законското образложение.

„Исто така, во членот 33 од законот е утврдено дека овој закон ќе важи десет години од денот на влегување во сила, кој рок истекува на 3 март 2021 година. Имајќи предвид дека постојат тековни предмети по барањата за утврдување на правен статус на бесправни објекти, поднесени во претходно предвидените законски рокови, како и постапки кои се наоѓаат во жалбена постапка или во постапка пред управните судови, се продолжува рокот на важност на законот за пет години, за да се овозможи завршување на започнатите управни постапки за овие предмети и за да се заштитат правата на граѓаните кои имаат поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект. Воедно, ќе се оневозможи создавање на правна празнина и правна несигурност“, се истакнува во образложението.

Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на собраниска седница по скратена постапка

Предложен нов Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти по скратена постапка

М.В