/ Прочитано:

3.397

Се пролонгира можноста фирмите со блокирани сметки да плаќаат преку компензација, асигнација, цесија и преземање долг

На 1 јануари 2019 година престанува можноста правните субјекти кои имаат блокирани трансакциски сметки да вршат плаќање преку компензација, асигнација, цесија и преземање долг.

Во членот 25, став 1 од Законот за платниот промет, кој е предмет на измена, се пропишува дека учесникот во платниот промет не може да врши плаќање со пресметка доколку има блокирана трансакциска сметка.

Со предложените измени се предвидува пролонгирање на можноста фирмите што имаат блокирани сметки да плаќаат со компензација, асигнација, цесија и преземање долг.

„Основната цел поради која се предлага овој Закон е одложување на примена на одредбата од членот 25 став (1) од Законот за уште една година, со што правните субјекти со блокирана сметка до крајот на 2019 година ќе можат меѓусебните парични побарувања и обврски да ги намируваaт преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг“, образложуваат од Министерството за финансии кое ги подготвува измените на Законот за платниот промет.

Со Законот за платниот промет се уредуваат платниот промет во земјата, односите меѓу носителите нa платниот промет и учесниците во платниот промет, односите меѓу носителите на платниот промет и Народна банка на Република Македонија во делот за платниот промет, платните системи, порамнувањето на плаќањата, издавањето електронски пари и надзорот на платните системи.

М.В