/ Прочитано:

1.333

Се проширува опфатот на депозитите што се предмет на осигурување – ќе бидат вклучени и сертификатите за депозитит

Четврток, 15 јануари 2015 – Со Законот за Фондот за осигурување на депозити  под депозити се подразбираат денарските и девизните депозити, трансакциските сметки, депозитите врзани за парични картички и девизни приливи на физичките лица.

„Ваквото законско решение не ги опфаќа и сертификатите за депозит. Од причина што сертификатот за депозит е хартија од вредност издадена од банка, врз основа на средства депонирани кај банката истиот треба да биде вклучен во шемата на осигурување на Фондот за осигурување за депозити. Заради ова, потребно е да се направи измена во Законот за Фондот за осигурување на депозити“, се наведува во законското решение.

Основната цел на предлогот на законот е да се зголеми опфатот на депозити кои ќе се осигуруваат и обесштетуваат, со што се пропишува под депозити во смисла на Законот за Фондот за осигурување на депозити да се подразбираат сертификатите за депозит.

„Со ова законско решение се очекува да се зголеми довербата и сигурноста на потенцијалните иматели на сертификатите за депозити како штедачи во банкарскиот систем на земјата, во случајов како издавач на инструментот сертификат за депозит“ се посочува во предложеното законско решение, чиј предлагач е Владата на Република Македонија.

>>>Предлог-закон за дополнување на Законот за Фондот за осигурување на депозити