/ Прочитано:

942

Се проширува полициската акција „Керозин“

Понеделник, 19 ноември 2012 – Полицијата ќе ја проширува акцијата „ Керозин“ со дополнителни контроли  по што ќе се утврдува и направената штета.  Вкупно 150 институции, болници, градинки, општини и училишта склучиле договор за да се снабдат со мазут од „Алма комерц“. Оваа неготинската фирма склучила договори вредни милион и пол евра само за оваа грејна сезона, а истиот бизнис го работела веќе 4 години. Во акцијата „Керозин“ беа приведени девет лица, осомничени за неисполнување обврски од склучени договори за јавни набавки, транспорт и испорака на нафта за греење на набавувачите. Од „Алма комерц“ со грејно гориво се снабдувале државни институции или органи на локалната самоуправа во повеќе градови во Република Македонија. 

Според полицијата, криминалната група ја создал и го осмисли нејзиното дејствување, првоосомнчениот Ангел Пецов, кој се јавува како сопственик на „Алма-Комерц“, а за комплетирање на работа се грижел неговиот син Љупчо Пецов, сопственик на фирмата „Алма Шпедиција“.

Според истрагата, измамата ја изведувале со две идентични цистерни. Полната ја мереле пред комисијата за набавки, но по пат ја менувале со полупразна цистерна и потоа доставувале многу помалку нафта од договореното. Имало и случаи кога вработените во „Алма Комерц“ им давале по 200 евра мито на магационерите кои потпишувале дека примаат нафта колку што стоело во договорот иако фирмата испорачувала помала количина. Вишокот нафта со цистерните се носел по приватни куќи каде е продавана за пари во готово без да се внесе во книгите на фирмата. Сега на сите набавувачи им останува да проверат колку им недостасува нафта за греење за да се измери измамата на „Алма Комерц“, а во проверката помагаат и бирото за метрологија, УЈП, пазарната инспекција и локалните власти.