/ Прочитано:

1.848

Се укинува двојното санкционирање на трговските субјекти за недоставување годишна сметка

Измените на Законот за трговските друштва се во собраниска процедура. Во предложените законски решенија се предлага и бришење на членот 552-б од Законот за трговските друштва.

„Со бришење на членот 552-б од Законот за трговските друштва ќе се укине двојното санкционирање на трговските субјекти за недоставување годишна сметка и финансиски извештаи за последната деловна година до последниот работен ден од тековната година, со тоа што на сила ќе останат прекршочните одредби од законот, кои за овој прекршок предвидуваат прекршочна санкција во форма на глоба за трговскиот субјект и одговорното лице, како и  привремена мерка забрана за вршење дејност и должност за трговскиот субјект и одговорното лице“, се образложува во измените.

Членовите 552 а и б од ЗТД – „докрадување“ – проф. д-р. Димитар Гелев за бришењето на правни субјекти од Централниот регистар

Основање друштво со ограничена одговорност со основачки капитал од 1 евро

Граѓаните кои имаат бизнис-идеја ќе може да основаат друштво со ограничена одговорност со основачки капитал од 1 евро

Предложени измени на Законот за трговските друштва со кои се предвидуваат повеќе значајни новини

М.В