Се укинува рецептот за инсулинска терапија
Петок, 30 ноември 2012 – Согласно законските измени, oд утре (1 декември) се укинува рецептот за инсулинска терапија. Дијабетичарите својата месечна терапија ќе можат директно да ја подигнат во инсулинска аптека.
Единствено што треба е осигурениците кои подигнуваат редовно инсулин е еднаш во годината да одат кај матичен лекар, да добијат упат за специјалист-ендокринолог, кој во Центарот за дијабетес ќе им го издаде Барањето за издавање инсулинска терапија. Станува збор за уште нов проект на Фондот за здравствено осигурување на Македонија кој се однесува на олеснување на пристапот до лекови за различни групи осигуреници.