/ Прочитано:

934

Се уште не е познат мотивот за убиството на мексиканката во Сплит, осомничениот е добро момче од соседството

Четврток, 4 октомври 2012 – Соседите на Еди Мишиќ, осомничениот за бруталното убиство на мексиканската туристка Селена Мачедо во Сплит што ја згрози хрватската јавност, проговорија за хрватските медиуми. Добро момче од соседството, со неверување вака го опишуваат осомничениот кој живеел во нормално и мирно семејство. Мишиќ се доселиле од Мостар во Сплит, 93-тата за време на војната. Неофицијални информации од истрагата упатуваат дека сепак Мексиканската била силувана, пишува хрватски „Јутарњи Лист“.

Мексиканката Селена Мачедо беше бутално убиена во Спит

Бруталното убиство и апсењето на 28 годишниот Еди Мишиќ кој неговите познаници го опишуваат како добро и воспитано момче од соседството и денеска ја тресе хрватската јавност. Осомничениот ладнокрвно признал дека е негов кујнскиот нож од ранецот на Селена Мачедо, со кој е извршено убиството и дека тој е убиецот. Мотивите се уште не се познати, но новите информации говорат дека сепак можно е, Мексиканката да била силувана.

„Некои индикации од истрагата укажуваат дека Селена имала сексуални односи пред да настапи смртта. Во таа смисла и осомничениот даде некои потврди, но се уште е рано за да го обвиниме и за тоа кривично дело. Без оглед на тоа дали се случило силување, овде се рботи за најтешкото кривично дело за кое се предвидува и до 40 години затвор, изјавил изворот на „Јутарњи лист“ од хрватското Министерство за внатрешни работи.

При полицискиот претрес  во станот во кој живее осомничениот заедно со родителите неговите браќа и сестри е утврдено дека недостига еден кујнски нож од комплетот на ножеви пронајден во кујната. Осомничениот во полициска станица признал дека тоа е неговиот нож, сепак се чека на официјални информации откако денеска ќе биде изведен пред истражен судија во судот во Сплит.

Соседите: Нашиот Еди е убиец!, сигурно се шегувате

Соседите на осомничениот се запрепастиле од сознанијата дека Еди Мишиќ е можно да е убиецот на Мексиканската. Пред новинарите го опишале како добро и културно  момче кое потекнува од мирно и хармонично семесјтво. Неговите сестри и браќа завршиле факултет и биле вработени, додека тој се уште чекал работа. Неговиот татко е бранител кој во текот на војната бил ранет во Мостар, а неговата мајка  била домаќинка посветена на семејството. Соседите раскажале дека во последната година Мишиќ станал некомуникативен и ретко излегувал од дома, освен кога џогирал во шумата кај брдото Марјан, но не забележале нешто необично во врска со него и неговото семејство.

Неврпсихијатарот Милас: Очекував постар деликвент, а не добро момче од соседството

Откако полицијата го откри идентитетот на осомничениот за убиството на Селена, сплитскиот невропсихијатар и судски вештак Мијо Милас се изненадил бидејќи профилот на осомничениот не се поклопува со неговиот изработен профил на убиец. Докторот сметал дека убиецот е деликвент во поизминати  години, а не воспитано момче од соседството.

„Кога се ќе резимирам, се чини дека станува збор за две различни личности, што се укажува на фактот дека убиецот е двојна личност која што интелегентно и внимателно го спремала злосторството. Она што е заедничко за профилот на осомничениот и мојот претпоставен профил е дека убиецот добро го познавал теренот, особено целото брдо Марјан. Иако се чини дека осомничениот потекнува од добро семејство сето тоа може да е прикриена маска, бидејќи ваква агресија и бруталност не се раѓаат изненадно. Злото во човекот се собира долго време, потребно е малку човекот да го претвори во ѕвер“, изјавил невропсихијатарот Мијо Милас.

Според досегашните сознанија и тргнувајќи од фактот дека неговите сестри и браќа се образовани и вработени, а тој е останат без високо образование, парични средства, без девојка и друштво, во него растеле завист и бес и се чувствувал како црна овца во семејството и средината, објаснил невропсихијатарот. Во таа средина тој бил негативецот и мотивите за убиството може да се гледаат како освета на општетсвото и целото негово опкружување. Невропсихијатарот Милас објаснил дека на психијатриските одделенија се соочувал со вакви случаи кои своите злосторства ги правдаат со немањето слобода, пари и моќ.

Мексиканката Селен Маргарит Грациано Мачедо исчезнала на 22 август оваа година за време на нејзиниот туристички престој во Сплит. Нејзиниот брат веднаш пријавил во полиција и им објаснил дека тие биле заедно на брдото „Марјан“, источно од градот Сплит, се фотографирале. Потоа тој се вратил во хотелот, а Селен се симнала на прошетка во шумата. По неколку дена, нејзиното безживотно тело било пронајдено во шумата „Марјан“, а по една седмица на 20 метри од телото е пронајден и ранецот на жртвата. Во него полицијата пронашла фотоапарат, три сендвичи, дрес на  „Милан“ на чија позадина било испишано името „Рекси“ и кујнскиот нож со кој се претпоставува дека е извршено убиството