Се воведува законска обврска за приложување на фискалната сметка кон сметката која се сторнира
Владата нa РМ го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања. Со измените се пропишува законска обврска за приложување на фискалната сметка кон сметката која се сторнира. Ваквата обврска досега беше уредена со подзаконски акт и не секогаш беше почитувана од даночните обврзници, поради што се предлага дополнување на Законот со ваква одредба, а се воведува и глоба за санкционирање на непочитувањето на пропишаната обврска.
М.В