/ Прочитано:

1.608

Се воведуваат е-планови и е-жалби за потранспарентни јавни набавки

Плановите за јавни набавки на институциите од годинава ќе се објавуваат на електронскиот систем за јавни набавки. Исто така, ќе можат да се поднесуваат и електронски жалби. Со овие новини на системот, кои се предвидени со новиот Закон за јавни набавки, ќе се зголеми транспарентноста и ќе се поедностават постапките за јавни набавки.

Ова беше истакнато на средбата на министерот за финансии, Драган Тевдовски, и директорот на Бирото за јавни набавки, Бардул Насуфи, при работната посета на министерот на Бирото.

Како што беше истакнато на средбата, главен фокус годинава ќе биде ставен на новите функционалности на електронскиот систем за јавни набавки според новиот Закон. Дел од тоа се и новите модули е-планови и е-жалба. Исто така, ќе се воведе и електронска архива на постапките, со што ќе се обезбеди чување на податоците во системот во изворна електронска форма.

Помеѓу останатите надградби и подобрувања, на понудувачите во жалбениот период ќе им се овозможи увид во целокупната документација од постапката во која учествувале, со што во голема мера ќе се зголеми довербата во жалбениот процес.

Инаку, минатата година беше изработен нов Закон за јавни набавки, кој значително го подобрува системот за јавни набавки во земјава и го усогласува со европските директиви. Како што истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски, Законот ќе обезбеди рационално трошење на државните пари, слободна и фер конкуренција и транспарентност при јавните набавки. Законот предвидува воведување на економски најповолната понуда како единствен критериум за доделување на договорите. Ова ќе ги отстрани негативностите што произлегуваа од критериумот најниска цена, како послаб квалитет или трошоци за поправки кои ја чинат државата многу повеќе.

„Новиот Закон содржи и решенија што ќе ги заштитат правата на работниците кои учествуваат во извршувањето на договорите за јавна набавка, како и подизведувачите. Исто така, се воведуваат одредби што се однесуваат на вклучување на социјални аспекти во постапките за јавни набавки, односно  резервирани договори со цел поттикнување на инклузивен раст и вработување социјално загрозени групи. Законот е во собраниска процедура и се очекува да се отпочне со негова примена од април месец оваа година“, велат од Министерството за финасии.

Министерството за финансии во врска со реформите и јавните финансии

Бирото за јавни набавки ќе врши контрола на ризиците од корупција при јавните набавки

Предлог-законот за јавните набавки пред Законодавно-правната комисија

Новините за јавните набавки образложени на комисиска расправа во Собранието на РМ

Новиот Закон за јавните набавки во собраниска процедура

Анализа за транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки

Многу ниска конкуренција на локалните тендери

Најниската цена, задоцнетото плаќање и обемната документација – проблеми за фирмите при јавните набавки

Намалување на бројот на предмети пред Државната комисија за жалби по јавни набавки

Дебата за Нацрт-законот за јавни набавки: Најавени транспарентни постапки, но и посебен закон за набавки од областа на одбраната и безбедноста

Правото на жалба и битните повреди на законот во Нацрт-законот за јавните набавки

Дел од решенијата предложени во Нацрт-законот за јавни набавки отвораат повеќе дилеми за градежниците

ЈАВНА ДЕБАТА ЗА НОВИНИТЕ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ: „Новиот закон ќе го подобри квалитетот на јавните набавки“

ЈАВНА ДЕБАТА ЗА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ: Покрај најниската цена, да се вреднува и квалитетот

Новата алатка која овозможува отворени податоци на електронскиот систем на јавни набавки

Објавен е текстот на Предлог-законот за јавните набавки кој е во фаза на подготовка

Огромни разлики во цените по кои се купувани исти производи и услуги

Во подготовка измени на Законот за јавните набавки

М.В