Се воведуваат нови кривични дела – полов напад и полово вознемирување
Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на сексуалните работници за декриминализација на нивната работа, портпаролот на Владата истакна дека е во тек процес на разговори за измените на Кривичниот законик, во кој, меѓу другите чинители, се вклучени и претставници на невладиниот сектор.
„Барањата се разгледуваат. Во измените на Кривичниот законик, кои се очекува многу скоро да бидат на седница на Владата, се воведуваат нови кривични дела – полов напад и полово вознемирување. Тоа ги опфаќа сите лица/жени, меѓу кои секако и сексуалните работнички“, истакна Арсовски.
Маричиќ: Во подготовка е нов Кривичен законик и нов Закон за потекло на имот
Неопходно е инкриминирање на фемицидот во Кривичниот законик
Адвокатите да достават предлози и забелешки за измените на Кривичниот законик
Казна затвор до три години за кривичното дело „Демнење“ како нова законска измена
Адвокатите да достават предлози и забелешки на Кривичниот законик
Измени на Кривичниот законик за заштита на новинари од напади при вршење на службата
M.В