/ Прочитано:

879

Седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање

Денеска собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање треба да одржи седница на која ќе бидат разгледани Предлог-деловникот за работа на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, Предлог-заклучокот за надзорната посета во Агенцијата за национална безбедност и Извештајот за работата на АНБ за 2020 година.

„Заради заштита на националната безбедност на државата, односно заради заштита на независноста, суверенитетот, уставното уредување, основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, како и 2 од 61 други работи од интерес на националната безбедност на државата, се основа Агенција за национална безбедност на Република Северна Македонија. Агенцијата се основа како самостоен орган на државната управа со својство на правно лице“, се пропишува во Законот за Агенцијата за национална безбедност.

Агенцијата за разузнавање е разузнавачка служба овластена за собирање, анализа и обработка на разузнавачки информации значајни за безбедноста на државата.