/ Прочитано:

868

Седница на КОМП: Намален понудениот износ на благајнички записи

Ослободените средства се очекува да овозможат натамошна поддршка за македонската економија преку поттикнување на кредитната активност на банкарскиот систем.

„Денес се одржа седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (КОМП) на која беше одлучено да се намали износот на благајничките записи кои банките можат да ги запишат кај централната банкапри задржување на основната каматна стапка на непроменето ниво. На седницата беа разгледани најновите показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Притоа беше одлучено на аукцијата којшто ќе се одржи на 15 април 2020 година понудата на благајнички записи да се намали за 8.000 милиони денари во однос на достасаниот износ. Следствено, на аукцијата ќе бидат понудени 17.000 милиони денари, по непроменета каматна стапка од 1,75%. Средствата ослободени со намалената понуда кај благајничките записи се очекува да придонесат за натамошна поддршка на македонската економија преку одржување на кредитните текови и на кредитниот циклус од страна на банкарскиот систем. Ваквите мерки следуваат по намалувањето на основната каматна стапка, регулаторните измени со коишто се обезбедува поголема флексибилност и им се остава поголем простор на банките да се фокусираат на процесот на кредитирање, како и на измените кај задолжителната резерва со коишто се ослободува дополнителна ликвидност и се дава поддршка на кредитирањето на најпогодените сектори во економијата. Обезбедувањето на дополнителна ликвидност е особено важно, имајќи ја предвид специфичноста на шокот и мерките коишто се преземаат за негово сузбивање.

По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во два наврати оваа година, на оваа седница беше одлучено таа да се задржи на нивото од 1,75%. Појавата на новата вирусна инфекција ковид-19, како неочекуван надворешен шок, се очекува привремено неповолно да се одрази и врз глобалната и врз домашната економија. Во вакви околности, а во услови на солидни девизни резерви и ниска инфлација, монетарната политика на Народната банка од почетокот на годината го задржа прилагодливиот карактер, при што основната каматна стапка беше намалена за вкупно 0,5 процентни поени и се сведе на нивото од 1,75%. Со оглед на веќе извршеното олабавување на монетарната политика, на оваа седница на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво, како соодветно на тековните економски и финансиски услови.

На седницата беа разгледани и движењата на меѓународните финансиски пазари, коишто се одликуваа со исклучително висока променливост и насоченост на инвеститорите кон безбедни вложувања. Следствено, забележан е изразен пад на цените на акциите со истовремено зголемување на цените на безбедните инструменти на историски највисоки нивоа. Валутниот пар евро/САД-долар има значително променливи движења, а падот на цената на нафтата продолжи, во услови на висока глобална понуда на овој енергент при намалување на побарувачката. Со цел да се поддржи економската активност во условите коишто се поврзани со вонредните мерки за справување со коронавирусот, заради коишто на глобално ниво има прекин на синџирите на понуда, застој во трговијата и предизвици во функционирањето на повеќето економски дејности, централните банки на најголемите економии пристапија кон значително олабавување на монетарните политики, а владите кон зголемување на фискалниот поттик.

Комитетот ги разгледа и најновите економски показатели во домашната економија. Последно расположливите податоци упатуваат на стабилни текови, но неизвесноста од идните макроекономски ефекти од пандемијата на ковид-19 е голема. Расположливите високофреквентни податоци за економската активност за периодот јануари-февруари 2020 година засега упатуваат на продолжување на растот на економијата и во првиот квартал од годината, но ризиците за следниот период се неповолни. Во однос на инфлациските движења, заклучно со крајот на март, просечната годишна стапка на раст на потрошувачките цени изнесува 0,6%, што и натаму е пониско остварување во однос на октомвриската проекција. Нивото на девизните резерви и натаму се одржува во сигурната зона, при што остварувањата во првото тримесечје од оваа година, генерално се во согласност со очекувањата. Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за март покажуваат натамошен годишен раст и на депозитите и на кредитите, без поголеми отстапувања од проекцијата за првиот квартал од годината.

И покрај засега стабилните текови, појавата на новата вирусна инфекција, како неочекуван надворешен шок, се очекува да се одрази врз домашната економија во повеќе сегменти, што ќе значи и поголемо отстапување од октомвриските проекции. Влошувањето на глобалното окружување и мерките преземени за спречување на ширењето на вирусот, ќе доведат до влошување на деловната активност кај дел од економските дејности и ќе влијаат врз очекувањата на економските субјекти за следниот период. Сепак, се оценува дека овие отстапувања не се предизвикани од поместувања во економските фундаменти и засега се очекува да бидат од привремен карактер.

Народната банка останува доследна на успешното спроведување на своите цели – одржување на стабилни цени, стабилен девизен курс и одржување на финансиската стабилност, притоа давајќи поддршка на реалниот сектор преку обезбедување поволни финансиски услови. Како и досега, се продолжува со внимателно следење на развојот на настаните, како и на потенцијалните ризици од окружувањето и на нивните ефекти врз домашната економија, заради соодветна и навремена реакција преку приспособување на политиките и преземање на други, дополнителни мерки, доколку тоа е потребно“, информираат од Народната банка. 

Народната банка: Филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е неопходно

Информација за постапките за издавање дозволи за движење за граѓани и вработени во услови на ограничено движење

Уредба за примена на Законот за здравственото осигурување за време на вонредна состојба

Уредба за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза

Уредба за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба

Онлајн судења во Основниот суд Кавадарци

Владата објави дополнителни објаснувања за новите рестрикции

МТСП: Паричен надоместок за прекин на работниот однос

Дополнителни ограничувања на движењето за граѓаните на територијата на целата држава

Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба

Објавена централна веб-страница koronavirus.gov.mk за сите информации за КОВИД-19

Министерството за финансии со повеќе сценарија за коронакризата

Се запира Законот за извршување до крајот на јуни

Нов пакет економски мерки за справување со кризата

Усвоена уредба за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба

Нови одлуки за заштита од коронавирусот

Спроведени 7633 инспекциски надзори

Апелациониот суд: Се одложуваат јавните седници и расправи

Народната банка: Денарот е и ќе остане стабилен

Сите документи потребни за аплицирање за бескаматните кредити на Развојната банка се достапни по електронски пат

Известувања од судови и од други институции

Хрватската адвокатска комора со Предлог-закон за интервентни мерки во областа на судските и управните постапки

Нова уредба: Банките и штедилниците ќе можат да им понудат на граѓаните и на фирмите одложување на исплатата на ратите

Нови одлуки за заштита од коронавирусот: забрани и уредби

Од полноќ почнува аплицирањето за првата бескаматна линија кредити како поддршка на бизнисот

Новите одлуки во врска со заштитата од коронавирусот

Уредба за запирање на примената на Законот за извршување

Се продолжува важноста на претходно обезбедените потврди за родителите ослободени од работа

За четири дена спроведени над 11 илјади инспекциски надзори

Начин на предвремено плаќање на месечни аконтации на данокот на добивка за 2020 година

Забрана за отворање стечај на фирма, една од мерките за справување со последиците од коронавирусот

Дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните

МТСП: Компаниите со производствени капацитети да се придржуваат до препораките за заштита на работниците

Фабриките ќе работат во смени и за време на полициски час

Соопштение за дневните дозволи за работа после 21 часот

Воведен полициски час

МВР и АРМ ќе прават детален оперативен план за спроведување најстроги рестриктивни мерки

Регулаторни измени за олеснување на финансискиот товар на корисниците на кредити

ХК: Работниците да не потпишуваат ништо без претходно да се консултираат со правник и со адвокат

Кривичниот суд: Листа со броеви на предмети по судии кои ќе се одржуваат во следните 30 дена

Нови мерки за заштита од коронавирусот

Адвокатската комора бара воведување економски мерки во врска со коронавирусот

Адвокатската комора: Не е време за лажна загриженост

Нови дополнителни мерки за заштита од коронавирусот

Бескаматни кредити, субвенционирани придонеси, намалена каматна стапка за кредити

Филипче: Што значи вонредна состојба?

При постоење на вонредна состојба Владата донесува уредби со законска сила

УЈП нема да доставува решенија за присилна наплата

Разлики во прогласување вонредна и кризна состојба

Уставните одредби за вонредната состојба

Кривичниот суд: Ќе се продолжи со судење само на итните и неодложни предмети

Владата: Вонредна состојба веднаш

Кривичниот суд: Вршиме темелна дезинфекција на судниците и на просториите

Управниот суд: Се одложуваат сите судења, освен итните

МВР: Изменето работно време на отсеците за управни работи

Да се продолжат роковите за отплата на кредитите и да има финансиска поддршка за компаниите, препорачуваат од „Фајнанс тинк“

Советот на Народната банка донесе неколку одлуки за поддршка на економијата  

УЈП: Се продолжува рокот за поднесување обрасци за даночниот биланс

Донесена пресуда за непридржување до здравствените прописи за заштита од коронавирусот

Граѓанскиот суд: Известување за одложување на рочишта

Предлог за издавање казнен налог против лице кое не се придржувало до здравствените прописи

Филипче: Апелирам до граѓаните да ги почитуваат препораките, eпидемијата е во силен ек

Народната банка: Заради заштита на здравјето да се намали употребата на денарската и девизната готовина

Судскиот совет донесе одлука за постапување на судовите во услови на зголемена опасност од коронавирусот

Советот за безбедност: Поставеноста на државата во овој момент е соодветна

Замрзнати цените на основните продукти

Препораки до Судскиот совет за судењата и препораки до коморите на адвокатите, нотарите и извршителите

Нови заострени мерки за заштита од коронавирусот

Задолжителни упатства на Јавното обвинителство во врска со коронавирусот

Министерството за здравство: Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување

Одложување на мартовската уписна сесија

Адвокатската комора: Соопштение за работно време со странки

 Адвокатската комора со барање за воведување мерки за заштита од коронавирусот во правосудниот систем

Владата со нови препораки до работодавачите и до Јавното обвинителтсво

Воведена кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа

Објавени сите забрани за ширењето на коронавирусот

Кривичниот суд во врска со коронавирусот: Пред сè адвокатите, кои се најчести „посетители“ на судот, совесно да се однесуваат

Најнова листа на земји со среден и висок ризик

Судскиот совет: Граѓаните да се јавуваат во судските постапки само ако е тоа неопходно

Министерството за здравство со нови совети за заштита од коронавирусот

Катастарот со променето работно време

Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост

МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат

Нови мерки за заштита од коронавирусот

Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата

„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата

Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот

Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот

Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот

Градинките, училиштата и факултетите да бидат затворени следните 14 дена препорача Комисијата за заразни болести

Лекарската комора апелира лекарите и здравствените работници да се придржуваат до препораките за коронавирусот

ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот

Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

М.В