/Прочитано:

1.507

Седница на судии во Основниот суд Скопје 1 – Скопје

На седницата на судии на која се разгледуваа резултатите од досегашното работење на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, е констатирано дека, и покрај зголемениот прилив на предмети во работа во последните три години, судиите при Основен суд Скопје 1 – Скопје со зголемен ангажман успеале да го намалат бројот на нерешени предмети и тоа за 10.566 предмети во однос на истиот период до 2014 година

Основниот суд Скопје 1 – Скопје информира дека денеска во просториите на судот се реализираше планираната посета од страна на судиите од Апелационен суд Скопје.

„Истовремено се одржа и седница на судии на која се разгледуваа резултатите од досегашното работење на овој суд, при што е констатирано дека, и покрај зголемениот прилив на предмети во работа во последните три години, судиите при Основен суд Скопје 1 – Скопје со зголемен ангажман успеале да го намалат бројот на нерешени предмети и тоа за 10.566 предмети во однос на истиот период до 2014 година“, се вели во соопштението на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

На седницата на судии при овој суд, како што се наведува во соопштението, судиите дале свои предлози во врска со изготвувањето на годишниот распоред за работа на судот.

„Денеска, исто така, претседателот на судот, Стојанче Рибарев, во просториите  на овој суд оствари средба со обвинителката Катица Јанева од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, на која се разговараше за актуелните прашања во врска со соработката на двете институции“ е истакнато во соопштението на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

А. Б.