/ Прочитано:

8.205

Седница на Судски совет на РМ

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница донесе Одлука за времено упатување за вршење на судиска функција, а исто така, членовите на Судскиот совет на Република Македонија констатираа престанок на функција на судии поротници во Основен суд Куманово, по предлог на в.д. претседателот на судот, поради истекување на мандатот за кој се избрани.

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница донесе Одлука за времено упатување за вршење на судиска функција на следниве судии:

  • судија Јоска Матески од Апелационен суд Битола во Апелационен суд Скопје, за период од 3 месеци од денот на упатувањето;
  • судија Меџит Шазимани од Апелационен суд Битола во Апелационен суд Скопје, за период од 3 месеци од денот на упатувањето;
  • судија Ристе Ристевски од Апелационен суд Битола во Апелационен суд Скопје, за период од 3 месеци од денот на упатувањето;
  • судија Лидија Кузманоска Бачевска од Апелационен суд Гостивар во Апелационен суд Скопје, за период од 3 месеци од денот на упатувањето;
  • судија Африм Јакупи од Апелационен суд Гостивар во Апелационен суд Скопје, за период од 3 месеци од денот на упатувањето;
  • судија Златко Анѓелкоски од Апелационен суд Гостивар во Апелационен суд Скопје, за период од 3 месеци од денот на упатувањето;
  • судија Данка Ристова од Апелационен суд Штип во Апелационен суд Скопје, за период од 3 месеци од денот на упатувањето.

Исто така, членовите на Судскиот совет на Република Македонија констатираа престанок на функција на судии поротници во Основен суд Куманово, по предлог на в.д. претседателот на судот, поради истекување на мандатот за кој се избрани. Истовремено, донесоа Одлука за избор на судии поротници на Основен суд Куманово.

Судскиот совет на Република Македонија донесе и Решение за престанок на судиска функција на Светлана Трајчовска, судија на Врховен суд на Република Македонија, поради навршени 64 години.