/ Прочитано:

1.534

Седница на Уставниот суд закажана за в понеделник

На седницата на 31 октомври, односно в понеделник, Уставниот судот ќе расправа за неколку иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на одредени членови од Законот за судска служба, како и за уставноста и законитоста на членови од Законот за административни службеници.

Уставен суд

На 1 ноември претседателската функција на Уставниот суд ќе ја презема новоизбраниот претседател Никола Ивановски, поради што в понеделник ќе биде одржана седница на Уставниот суд со која за последен пат ќе претседава досегашната претседателка Елена Гошева.

На седницата на 31 октомври, односно в понеделник, Уставниот судот ќе расправа за неколку иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на одредени членови од Законот за судска служба, како и за уставноста и законитоста на членови од Законот за административни службеници.

Уставниот суд ќе расправа и за Законот за заклучување на стечајните постапки отворени во согласност со Законот за присилно порамнување стечај и ликвидација и Законот за стечај.

Според известувањето објавено на веб-страницата на Уставниот суд, на седницата в понеделник нема да се расправа за Иницијативата за утврдување на уставноста на Специјалното јавно обвинителство, како ни за Иницијативата на партијата Унитети за оценување на законитоста и уставноста на Решението за распишување на предвремените парламентарни избори.

А. Б.