/ Прочитано:

576

Секое семејство кое одбележува домашен празник да ја препознае опасноста по јавното здравје

Комисијата за односи со верските заедници, во пресрет на периодот во кој голем број семејства ширум државата ги чествуваат домашните православни празници, преку соопштение упатува апел празнувањата да бидат исклучиво во кругот на членовите на семејството.

„Ескалирањето на состојбата со коронавирусот е пропратена со изразена локална трансмисија на вирусот, па секое непочитување на мерките за заштита од здравствените власти и секое собирање на луѓе може да биде погубно.

Секое семејство кое одбележува домашен празник да ја препознае опасноста по јавното здравје која би ја предизвикало повикувањето на гости, но и секој добронамерен кон семејството кое прославува годинава да се воздржи од физичко присуство. Традицијата не е загрозена, таа ќе опстои, но колективното здравје е во сериозна закана“, се наведува во соопштението.