/ Прочитано:

1.789

Сексизмот во правната професија

Сексизмот нашироко се практикува во општеството. Тој е присутен и во културниот живот, прикажан преку филмовите, рекламите и фразите кои произлегуваат од нив за адвокатките, кои веќе се составен дел од секојдневниот говор. Така на пр., адвокатка која е борбена во судница, која се бори за случајот на својот клиент, честопати е нарекувана „кучка“ или за неа се употребуваат други навредливи и потценувачки квалификативи, а адвокат кој го манифестира истото однесување се нарекува „цар“ и се перципира како способен и успешен.

Сексизам адвокатка

Американската веб-страница abovethelaw.com објави колумна која е дел од проектот „Жените во правото“, поддржан од повеќе правни факултети од САД, во која станува збор за злоупотребата на жените на работното место, конкретно во адвокатската професија.

Уште од самиот почеток на еманципацијата на жените во правото и адвокатурата, тоа поле на работа било резервирано за мажите и уште од 19 век во САД во адвокатурата работеле само мажи. Во јуни 1869 година, Врховниот суд во државата Ајова утврдил дека на Арабела Менсфилд не може да ѝ биде одземено правото да полага правосуден испит само затоа што е жена. Таа подоцна го положила испитот и станала првата адвокатка во САД. Исто така, 38 години подоцна, Кетрин Во Меккалох од Еванстоун, Илиноис, била првата жена избрана за судија во САД.

Во новото модерно време, како што се констатира во колумната, иако жените веќе се наоѓаат рамо до рамо со мажите во адвокатурата, сепак потајно сè уште се користи сексистичкиот и потценувачки однос од страна на машките колеги или од страна на работодавците.

Сексизмот нашироко се практикува во општеството. Тој е присутен и во културниот живот, прикажан преку филмовите, рекламите и фразите кои произлегуваат од нив за адвокатките, кои веќе се составен дел од секојдневниот говор. Така на пр., адвокатка која е борбена во судница, која се бори за случајот на својот клиент, честопати е нарекувана „кучка“ или за неа се употребуваат други навредливи и потценувачки квалификативи, а адвокат кој го манифестира истото однесување се нарекува „цар“ и се перципира како способен и успешен.

Единствено нешто што е променето во сексистичкиот однос кон жената од 2006 до 2016 година е тоа што постојат повеќе начини и можности за пријавување на проблемите и за нивно констатирање, но менталитетот останал непроменет. Оваа година, Американската адвокатска комора донела Резолуција за професионално однесување на адвокатите, каде што во делот „Г“ се вели дека адвокатот треба да биде запознаен, да се вклучи и да реагира на однесување кое се смета за вознемирување или дискриминација врз основа на раса, пол, вероисповед, етничка припадност, возраст, сексуална ориентација или социоекономски статус.

Според делот „3“ од оваа резолуција, како вознемирување се смета и сексуалното вознемирување, како од физичка така и од психичка природа.

Адвокатките постојано се трудат да постигнат добри резултати во своето работење, да придонесат во рушењето на бариерите кои постојат во адвокатурата, особено кога не се почитувани од своите колеги, кога се игнорирани или замолчувани само поради тоа што се жени. Колку порано ќе го сфатат значењето на сексизмот и ќе го препознаат неговиот интензитет, толку побрзо адвокатките ќе можат да се справат со тој проблем за конечно да се надмине, што е  во интерес и на самото општество.