/ Прочитано:

985

Семинар на тема: „Примена на Законот за јавни набавки“.

Вторник, 18 јуни 2013 – На  26 јуни 2013 година во организација на Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) и Академијата за обука на судии и обвинители ќе се одржи семинар на тема: „Примена на Законот за јавни набавки“.

Д-р Маре Богева Мицовска, директор на Бирото за јавни набавки и М-р Александар Агировски, помошник раководител на Секторот за нормативна дејност, обуки и меѓународни односи во Бирото за јавни набавки ќе се осврнат на критериумите за утврдување на способност на економските оператори и критериумите за доделување на договор за јавна набавка, обврските на договорните органи и посебни начини на доделување на договори за јавни набавки, како и новините во легислативата за јавните набавки.

Д-р Томас Мезингер, адвокат од Франкфурт на Мајн, специјализиран за јавни  набавки ќе говори за европското право за јавни набавки. „Сите адвокати кои се заинтересирани да учествуваат на овој семинар, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил lawyermk@mba.org.mk,  најдоцна до 20 јуни 2013 година“, информираат од Комората.