/ Прочитано:

844

Семинар за администрирање на имот стекнат од криминална активност

Вторник, 5 март 2013 – „Италијанското, бугарското и балканското искуство во откривањето, одземањето и администрирањето на имот стекнат од криминална активност“ е тема на меѓународниот семинар, кој почнува денеска во Скопје.

Семинарот е дел од Проектот “Споделување алтернативи практики за користење на конфискувани кривични средства” (SAPUCCA ), финансиран од Генералниот директорат за слобода и безбедност – Програмата за спречување и Борбата против криминалот (2007-2013) – ISEC.

Форумот ќе го отвори Фабио Кристиани, амбасадор на Република Италија во Македонија. На семинарот ќе зборуваат претставници од италијанското и бугарското Министерство за внатрешни работи, како и домашни претставници од Агенцијата за управување со конфискуван имот.

SAPUCCA  е европски проект, чије цел е да се охрабрат, воспостават и развијат хоризонтални методи и алатки за дефинирање на стратегии за спречување и борба против организираниот криминал. Проектот се уште експериментира и преку моделот за истражувачка акција, партиципативен планирачки метод со цел да се зајакне преку вклучување на територијалната колективност за повторното користење на конфискуваниот имот.