/ Прочитано:

1.685

Семинар за истрагата во предметите на пограничен и организиран криминал

Четврток, 28 февруари 2013 – Семинар посветен на истрагата во предметите на пограничен и организиран криминал и зајакнувањето на соработката помеѓу полицијата, јавните обвинители и останатите домашни и меѓународни органи, денеска и утре, ќе се одржи во Скопје во рамки на Регионалниот проект за борба против организиран криминал.

Семинарот е во организација на Академијата за судии и јавни обвинители во соработка и со финансиска поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и е наменет за јавните обвинители кои постапуваат во предмети на организираниот криминал, претставници на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансика полиција, Царинската управа и Управата за финансиско разузнавање.

Целта на семинарот е да се разменат компаративни искуства кои се однесуваат на истрагата, посебно во делот на предметите кои се поврзани со пограничен и организиран криминал, пришто во фокусот ќе се биде соработка помеѓу полицијата, јавните обвинители и останатите домашни и меѓународни органи, која има клучна улога во спроведување на ефикасна борба против организираниот криминал на глобално ниво.

На собирот покрај националните експерти излагање ќе има и Салустро Маурицио, јавен обвинител од Италија со долгогодишно работно искуство, кој во моментов е јавен обвинител во Специјалната обвинителска канцеларија во Косово на Мисијата EULEX.